Германците добија предупредување дека трошат повеќе енергија отколку што треба
Германската мрежна агенција денеска предупреди на прекумерна потрошувачка на гас и укажа на можните последици за резервите на гас во текот на зимата. „Ситуацијата може да стане многу сериозна доколку значително не ја намалиме потрошувачката на гас“, изјави директорот на Федералната мрежна агенција, Клаус Милер.
Домаќинствата и претпријатијата минатата недела потрошиле вкупно 618 гигават часови енергија, што е за 10 отсто повеќе од просекот за тој период од годината. „Без значителни заштеди во приватниот, занаетчискиот и индустрискиот сектор, на ниво од најмалку 20 отсто, ќе биде тешко да се избегне недостигот на гас во текот на зимата“, рече Милер. Домаќинствата и занаетчискиот сектор трошат околу 40 отсто од гасот, а останатиот дел отпаѓа на индустријата.
Истовремено, министерот за економија и енергетика Роберт Хабек тврди дека до крајот на месецот резервоарите за гас во Германија ќе се полнат со планираниот капацитет од 95 проценти. Тој укажа и на забрзаната изградба на инфраструктура за увоз на течен гас и нови терминали кои се градат на Балтикот и Северното Море.
Но, и покрај тоа тој апелираше до граѓаните да штедат енергија. „Во споредба со минатата година, мораме да заштедиме 20 проценти од енергијата. Прерано е да се опуштиме“, рече Хабек. Зголемената потрошувачка на енергија во Германија е поврзана и со невообичаено ниските температури на крајот на септември.
Ново на Сител
-
Лавров: Блискиот исток е на работ на голема регионална војна
-
Кина продолжува да ги намалува ограничувањата за странски инвестиции
-
Фон дер Лајен: Трансформациите треба да бидат фер и да обезбедат просперитет за сите во Европа
-
ДЗС располага само со еден функционален „Ер трактор“, но моментално нема потреба од дополнителни летала
-
Лишени од слобода деветмина дрвокрадци, поднесена кривична пријава
-
Се шетал со полн пиштол и уште 61 куршуми - Уапсен 19 годишник
-
СВР Скопје со засилени мерки за безбеден град Скопје
-
ВМРО-ДПМНЕ: Антикорупциска и ЈО да испитаат зошто Филипче како министер криел имот што го поседува