Герхард Шредер ќе се жени по петти пат

Поранешниот германски канцелар Герхард Шредер (73) оваа есен ќе се жени по петти пат, а негова избраничка овојпат е 25 години помладата Јужнокорејка Ким Со-јеон.
Шредер на прес-конференција во Сеул истакна дека местото и датумот на венчавката се уште не се утврдени, но и дека веќе го запознал семејството на својата идна сопруга, која по занимање е преведувач.
- Не беше нималку лесна одлуката - голем дел од времето да го минувам во Кореја... Но, би сакал да го научам подобро корејскиот и да водам еден нормален живот во таа земја, истакна Шредер.
На Шредер ова ќе му биде петти брак. Како што наведува „Билд", тој својата романса со Со-јеон ја обелодени есента.
Неговата четврта сопруга Дорис Шредер-Кепф тогаш изјави дека „тоа било повод, но не и единствена причина за нивниот развод" во 2016 година. Тој тоа денеска повторно го демантираше.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Денеска се одбележува Задушница, споменот на починатите
-

Нов пристап за стручни кадри во Штип
-

Обуки за спасители на вода
-

Левица бара интерпелација за министерот Панче Тошковски
-

Започна судењето за апелациониот судија Ѓоко Ристов, кај кого беа најдени 350.000 евра
-

СДСМ: Нема пари за референдум, а има за криминални тендери и нов авион?
-

Подготвени измените на законот за нефер трговија
