Герасимовски на прес конференција ја презентираше новата механизација за чистење на Центар
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, на денешната прес-конференција ја презентираше новата механизација и дополнителната опрема што Општината ја обезбеди за справување со хаосот што го создава ЈП „Комунална хигиена“.
„Веќе четири години секој неред што го остава ЈП „Комунална хигиена“ самите ние го расчистуваме, иако граѓаните редовно плаќаат за оваа услуга. Благодарност до нашите работници кои неуморно се ангажираат за чист Центар, но со досегашната механизација веќе не може да се издржи, затоа изнајмивме нова“, истакна Герасимовски.

За таа цел, градоначалникот Горан Герасимовски и директорот на „Паркинзи на Општина Центар - ПОЦ“ Душко Коцевски потпишаа договор за изнајмување на:
-Ѓубретарки со капацитет од минимум 18 м³ и 10 м³ за собирање и транспорт до депонија,
-Мала цистерна од 0,5 м³ за перење на прометни површини,
-Специјализирана метларка со капацитет од минимум 1,5 м³,
-Метални контејнери од 5 м³ за поставување на територијата на Општина Центар,
- Цистерна со капацитет од минимум 7 м³ за миење и перење улици,
-Возило за подигање и транспорт на метални контејнери,
-Машина за бележење на хоризонтална сигнализација.


Герасимовски нагласи дека со новата механизација веднаш ќе се почне со собирање, чистење и миење на улиците со цел жителите на Центар да имаат чисти улици и достоинствено урбано живеење.
Ново на Сител
-

Исчистен дел од одроните на патот Берово - Струмица, сообраќајот се одвива по една коловозна лента
-

Во прекин сообраќајот на патот Берово - Струмица
-

Поднесено обвинение против градоначалникот на Будимпешта бидејќи дозволил одржување на Парада на гордоста
-

Трамп повторно му се закани на Иран
-

Кривична пријава против струмичанка за присвојување осум мобилни телефони од продажен салон во Гевгелија
-

Радосна вест од Скопска ЗОО: Џуџестите мармозети добија близначиња
-

Петмина кандидати за државен јавен обвинител, кандидатурите испратени во Влада
-

Тошковски - Кочиу: Пред летната сезона ќе го профункционира One Stop Shop меѓу двете држави
