Герасимовски: Лични асистенти и во летниот распуст ќе посетуваат ученици со попреченост во развојот три пати во неделата
Општина Центар за првпат и за време на летниот распуст обезбедува лични асистенти во домашни услови кои ќе им помагаат на учениците со попреченост во развојот. Воедно Општина Центар е првата општина во државата која им дава поддршка од овој тип на учениците со пречки во развојот кои ги посетуваат основните училишта во Центар.
„Од ова лето, осум стручни лични асистенти ќе водат грижа за 14 дечиња со попреченост во развојот. Нивна задача е да им помагаат на децата и нивните родители во дневното извршување на обврските и да се грижат за нормално одвивање на секојдневието на децата. Личните асистенти ќе ги посетуваат домовите на учениците три пати во неделата. Воедно сакам да им се заблагодарам на сите кои се вклучени во реализацијата на овој проект, особено асистентите, кои навистина вршат една многу корисна и благородна активност“, изјави градоначалникот Герасимовски.
Личните стручни асистенти, имаат за цел со употреба на различни модули да им дадат поддршка на сите деца во оваа целна група во повеќе насоки, и тоа: инклузија на децата со попречености во образовниот систем; подобрување на нивната социјална интеграција; поддршка при совладувањето на образовните содржини и олеснување на движењето и пристапот низ училишните простории.
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, им се заблагодари за досегашната работа на личните асистенти на децата со попреченост во развојот и им посака успех во престојниот период.
Ново на Сител
-

Средба на Сиљановска-Давкова со претставнички на здружението „До бебе по патот на ин витро“
-

Акција „Чистач“: Уапсени 5.628 лица, 1.158 претреси во борбата против насилниот криминал, трговија со дрога и прекуграничниот криминал
-

Стопанската комора предлага 13 неработни денови и укинување на префрлањето на празниците што паѓаат во недела
-

Мицкоски: Остануваме држава со најниска цена на дизел горивото и на безоловниот бензин
-

Мицкоски: Оваа Влада ги завршува проектите што биле закочени со децении, а ако опозицијата иницира предвремени избори, ќе дадеме соодветен одговор
-

Онкологија: Вештак на одбраната тврди дозирањето и третманот на онколошки пациенти е согласно европски протоколи, Обвинителството ги оспорува заклучоците
-

Пуштена во употреба новата детска градинка во Теарце, 147 деца ќе бидат згрижени
-

До четврток сончево и топло, од петок променливо облачно со пообилни врнежи
