Герасимовски: Центар ги исчисти улиците во Маџир маало каде надлежност има градот Скопје
Градоначалникот Горан Герасимовски информира дека утрово, Општина Центар заедно со директорот Душко Коцевски и вработените на јавното претпријатие Паркинзи на Општина Центар - ПОЦ ги исчистија јавните површини во населбата Маџир маало кадешто надлежност има градот Скопје.
„Вчера, веднаш се мобилизиравме и еве утрово спроведуваме голема акција за чистење на нашата општина. Ја исчистивме населбата Маџир маало кадешто надлежност има градот Скопје. Тука долго време сметот не беше тргнат. Во акцијата вклучена е целата механизација со цистерна за миење на улиците, две метларки за поефикасно чистење на улиците и камион за собирање на смет. Активирани се 120 хигиеничари кои оваа недела секојдневно ќе бидат на терен за поголема чистота на Центар. Со акцијата ги подигнуваме хигиенските стандарди во нашата општина, и обезбедуваме почиста и посредена околина за сите нас”, вели Герасимовски.
Герасимовски упатува апел до градот Скопје да ги преземе своите обврски сериозно и да ја исполни својата улога во одржувањето на чистотата во општина, на јавните површини кадешто градот и градоначалничката Данела Арсовска се надлежни.
Општина Центар во текот на целата недела темелно ќе ги чисти јавните површини, откако пред два дена градот Скопје ги остави центарските улици во смет.
Ново на Сител
-
Интернационален тим лекари 6 недели обучуваа свои колеги за рехабилитација на повредните во Кочани
-
Син со секира го уби својот татко
-
Охриѓани се хумани, помагаат на сограѓаните во социјален ризик
-
Преглед на вестите од светот
-
Нов марш на ангелите, родителите го повикаа Мицкоски во Кочани
-
За изборот на новиот папа, Тема на денот со Кирил Стојанов, новинар
-
Поддршка за Стерјовски пред утрешните парламентарни избори во Албанија
-
ВМРО-ДПМНЕ со партиски кандидат ќе настапи на локалните избори за Град Скопје