Герапетритис од Скопје: Важно е да се гарантира европскиот тек на земјите од Балканот

Патот кон Европа ќе треба да продолжи и Грција ќе биде меѓу оние земји кои ќе застанат до земјите од Западен Балкан, со почитување на демократијата и владеењето на правото и со надеж Европа да стане поширокото семејство на сите држави, истакна шефот на грчката дипломатија во изјава за државната телевизија ЕРТ по учеството на Самитот на шефови на држави и влади на учесниците во Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ) во Скопје, јави дописничката на МИА од Атина.
Министерот за надворешни работи рече дека во Скопје ја пренел „пораката за мир, солидарност и пријателство до сите земји од Југоисточна Европа“, потсети дека Грција беше една од земјите „кои го забрзаа формирањето на Меѓубалканската конференција“, но и земја силен поддржувач на ЕУ перспективата на Западен Балкан преку Солунската агенда од 2003 година.
-Важно е да се гарантира европскиот тек на сите земји од Балканот и поширокиот регион во период на многу високи предизвици, со две војни во нашето пошироко соседство. Секако, и тоа е она што го нагласив на конференцијата, напредокот треба да се развива врз основа на конкретни предуслови, кои се формални и се однесуваат на почитување на демократијата, почитување на владеењето на правото, верно почитување на сите меѓународни договори и доследна усогласеност со сето она што е поврзано со Европската унија, меѓународното право, како и секако почитувањето на правата на малцинствата, рече шефот на грчката дипломатија во изјавата за ЕРТ.
Ново на Сител
-

Сопствениците на „Констелејшн“ на суд поради пожарот во барот во Кран - Монтана
-

Тројца кавадарчани приведени за семејно насилство и закани во еден ден
-

Од утре попладне снег насекаде во државава, од следната седмица многу студени утра и дневни температури под нула
-

Двајца 30-годишници пронајдени мртви во викендица во гостиварско
-

Тешко повреден пешак кај ТЦ „Беверли Хилс“, возачот во бегство | ФОТО
-

Семејството на трагично загинатиот Стивен Ивановски во Кран-Монтана бара донации за погребални трошоци
-

Средното стручно образование сè попривлечно, континуиран раст на буџетот за наука
-

Лажен доктор измамил 77-годишен виничанец за сума од над 430.000 денари
