Герапетритис: Доколку Северна Македонија продолжи со оваа политика, имаме средства за дополнителен притисок на билатерално и меѓународно ниво
Доколку Северна Македонија продолжи со оваа политика, која е директно спротивна на меѓународните договори, тогаш грчката страна ги има оние средства за да може да изврши уште поголем притисок, средства што се и билатерални и мултилатерални на ниво на меѓународните организации, рече министерот за надворешни работи на Грција Јоргос Герапетритис во интервјуто за грчката телевизија ЕРТ, јави дописничката на МИА од Атина.
Шефот на грчката дипломатија повтори дека Договорот од Преспа е ратификуван од двата парламенти, со што носи законски обврски „кои не може да се променат од ниедна од двете земји“.
- Секако самиот Договор од Преспа јасно кажува дека прашањето за името, односно името на Северна Македонија не може да се смени ниту со договор од страните. Станува збор за одредба која останува засекогаш. Во овој момент има јасно прекршување од страна на политичкиот и државниот врв. Не е законски поткрепено тврдењето дека кој било политички или државен лидер може вон формалната рамка да употребува друго име за неговата земја, бидејќи тоа во реалноста би претставувало директно прекршување. Не може претседателот или премиерот на една земја, кога е во јавен настап да се повикува на приватна автономија. Ова не е во согласност ниту со домашното уставно право, ниту со меѓународното право, посочи Герапетритис.
Го повтори и ставот дека за нив Договорот „има значајни политички и правни проблеми“, но ги обврзува сите.
- Направив многу голем напор за целосно и комплетно да ги информирам сите наши партнери и сите меѓународни организации и можам да ви кажам дека во овој момент постои сериозна загриженост од страна на сите за ставот на Северна Македонија. Сите разбираме дека доколку продолжи оваа политика, која директно е спротивна на меѓународните договори, што претставуваат основа на меѓународната безбедносна архитектура, тогаш грчката страна ги има оние средства за да може да изврши уште поголем притисок, средства што се и билатерални и мултилатерални на ниво на меѓународните организации, рече Герапетритис за ЕРТ.
Ново на Сител
-
Украинскиот и европските министри за одбрана се обидоа да ги усогласат ставовите околу условите за мир
-
Макрон гледа „значителен напредок“ за Украина по средбата со Трамп
-
Британската Влада не ја сака Русија во Г7 додека трае војната во Украина
-
Трамп: Нема да дозволиме да се дојде до трета светска војна
-
Известувачот на Европскиот парламент Томас Вајц на средби во македонското Собрание
-
Предлогот за разрешување на државниот јавен обвинител на денешната владина седница
-
Променливо облачно време со пораст на дневните температури
-
Трамп: Водам сериозни разговори со Путин за завршување на војната