Георгиевски: Децата учат во безбедни училишта, јавноста и родителите да бидат спокојни
Децата учат во безбедни училишта. Јавноста и родителите да бидат спокојни, нема простор за паника и страв. Оправдана беше нивната паника и страв, но децта се во сигурни раце и ние сме гарантит за сето тоа, изјави денеска претседателот на Заедница на единиците на локална самоуправа (ЗЕЛС) и градоначалник на Општина Кисела Вода, Орце Георгиевски.
Во наредниот период, посочи Георгиевски, ќе се заложам задолжително да биде најмалку еднаш во годината согласно закон да мора да се вршат редовни контроли, а не да се остава на добрата волја на градоначалникот или службите.
Георгиевски, рече дека сега се прават вонредни инспекциски контроли, посочувајќи дека во Општина Кисела Вода, редовната контрола е направена на крајот на минатата година и има целосно комплетна документација за тоа дека училиштето е по сите стандарди и ги исполнува сите услови.
- Како претседател на ЗЕЛС, но и како градоначалник на мојата општина, сакам да порачам на нашите граѓани, дека нивните најмили и најмлади учат во безбедни училишта и градинки. Сето она што е утврдено како недостаток, дали е некаде треба да се замени црево заради застареност, дали има пропусти од типот дека во одредено училиште не се спроведени редовни контроли... тоа не смее да се случува во перпсектива, ќе биде во наредниот период експедитивно отстрането од локалните власти во соработка со диреторите на училиштата и службите на општините, изјави Георгиевски, одговарајќи на новинарски прашања по посетата на основното училиште „Партенија Зографски“.
Ново на Сител
-
Пожарот во Пулс ја зеде 61-та жртва, почина пациент кој се лекуваше во Литванија
-
Таткото тврди дека не е виновен
-
Мицкоски: Анкетната комисија за Кочани, да се прошири и за другите трагедии
-
Мицкоски не планира реконструкција – Таравари почна да брои пратеници
-
Филипче доби 4-годишен мандат со поддршка од 18.000 членови на СДСМ
-
ВМРО-ДПМНЕ за новиот имот на Левица: Апасиев е левичар од Али Експрес
-
Владата го зголеми капитациониот бод за матичните лекари
-
15 години клиничка болница “Аџибадем Систина”