Георгиевска: Пари за поголеми плати и пензии, нови редизајнирани мерки со ребалансот на Буџетот
Во Комисијата за финансирање и буџет во Собранието започнува расправата по предлог ребалансот на Буџетот за 2022 година.
Станува збор за важен документ кој има за цел да обезбеди продолжување на досегашните мерки и политики за справување со последиците од светската економска криза.
Преку одговорен пристап преку овој Ребаланс се остварува заштеда на сериозни средства кои ќе се искористат за директна помош за граѓаните и стопанството.
На овој начин се обезбедуваат 76 милиони евра за поддршка на граѓаните и стопанството, како и дополнителни 52 милиони евра за поддршка на земјоделците, за раст на платите и пензиите.
Тоа значи дека во буџетот се обезбедени средства за нови таргетирани мерки за помош, за усогласување на платите на буџетските корисници со растот на минималната плата, како и за зголемување на пензиите од септември, согласно новата усвоена методологија.
Со ребалансот предвидени се финансиски средства за капитални инвестиции во делот на патната и железничка инфраструктура, гасификација но и инвестиции во обновливи извори на енергија што е особено важно во време на светска економска и енергетска криза.
И во време на криза Владата и парламентарното мнозинство преку одговорни мерки и политики успева економијата да ја задржи на стабилни основи и таа да остане ликвидна.
Оттука, ги повикуваме сите пратеници од сите пратенички групи да дадат придонес преку конструктивна дебата и предлози да се вклучат во носењето на овој ребаланс затоа што тоа е битно и за граѓаните и за нашата економија.
Како парламентарно мнозинство досега сме докажале дека имаме слух за барањата од опозицијата, преку прифаќање на оние амандмани кои биле издржани и биле во насока на унапредување на стандардот на граѓаните.
Очекуваме опозицијата да ги стави интересите на граѓаните на прво место и дека наместо со блокади и кочења, ќе придонесе со аргументирана дебата и конструктивност при носењето на ребалансот.
Прес-конференција на Марија Георгиевска, пратеничка на СДСМ
Ново на Сител
-

Портокалова фаза утре, температури до 40 степени
-

Андоновски: Националниот дата центар ќе биде со мала инсталирана моќност и ќе служи исклучиво за потребите на државата
-

Ангелов: Состојбата со водата во Гостивар постепено се стабилизира, но се уште не е погодна за пиење и за готвење
-

ЦУК: До 18 часот регистрирани 18 пожари на отворено, четири се активни, два се под контрола, а 12 се изгаснати
-

Системот ЕЕС прави метеж и доцнења на летовите: Аеродромите принудени повремено да ги исклучуваат контролите
-

Град Скопје: Почна темелна реконструкција на еден од симболите на Скопје - подната фонтана повторно ќе блесне
-

МВР со детали: Загинатото момче со мотор во Радишани е на 19-годишна возраст
-

Тешко повреден 19-годишник откако татко му го турнал по скали
