Македонија
3. January 2024 - 16:40

Георгиев си поднесе оставка, Дамева се враќа на чело на Судски

Весна Дамева се врати на чело на Судски. Управниот суд го поништи разрешувањето и побара таа да си го добие назад претседателското место. Денеска членовите на советот неколку часа ја гледале пресудата па речиси на крај од работниот ден на седница ја вратија Дамева на функцијата. Местото и го ослободи Сашко Георигев кој сам си поднесе оставка. Дамева во првата изјава за медиумите како старо-нов претседател, рече дека не очекува разрешувањето кои и го приредија членовите на советот да влијае врз работата на советот. Вели, ако има бојкот, ќе има и санкции.

Георгиев пак и покрај бројните критики, смета дека одлично ја извршувал функцијата, а позитивни резултати остварил и советот. Објасни дека пресудата на Управниот суд се однесува само за разрешувањето и никаде не бил доведен во прашање неговиот легитмитет како претседател во изминатите осум месеци.

Дамева уверува дека не се спорни одлуките потпишани од Георгиев, бдејќи како што вели, за нив гласало мнозинството членови на советот.

Со одлуката на Управниот суд, Дамева денеска го продолжи својот двегодишен мандат. По паузата од разрешувањето со тврдење дека ги нарушила меѓучовечките односи, сега и преостанува уште година и пол да раководи со судски.