Македонија
7. December 2016 - 17:47

Гентерм ќе ја проширува фабриката во Прилеп

Гентерм Македонија соопшти дека донесе одлука за проширување на постоечкиот капацитет во Прилеп во пролет 2017 година.

Новото проширување на фабриката ќе го зголеми постоечкиот капацитет за 12.000 м2. Тоа ќе придонесе компанијата да го достигне полниот капацитет од вкупно 22.000 м2. Наместо иницијалниот план за изградба на полниот капацитет на фабриката до крај на 2018 година, компанијата одлучи да го заврши целиот проект до крај на 2017, почеток на 2018 година, се вели во соопштението од Гентерм Македонија.