Бизнис
12. August 2015 - 19:56

Гентерм бара висококвалификувани кадри, го објави третиот оглас за вработување

Додека 200 луѓе, веќе втор месец се наоѓаат на стручно обучување во Украина за потребите на производствениот процес на американски “Гентерм” чиј  индустриски капацитет забрзано се гради во прилепската индустриска зона “Алинци”, компанијата деновиве распиша и нов оглас за вработување на лица од различни профили, пр5и што предност имаат високообразованите кадри.
 
Инаку, инвестицијата на “Гентерм” во прилепската ТИРЗ “Алинци” е сериозен потик за раздвижување на економијата како на локално, така и на регионално ниво, сметаат економските експерти. Индустрискиот капацитет на “Гентерм” во Прилеп, ќе биде наменет за производство на грејачи за автомобилски волани и седишта, за што ќе бидат ангажирани вкупно 2000 нововработени лица за период од неколку години.