Генс: Белгиската Влада нема да влијае на иднината на Пуџдемон

Белгиската Влада нема да има влијание на иднината на сменетиот каталонски лидер Карлес Пуџдемон, изјави денеска белгискиот министер за правда Коен Генс.
Тој истакна дека европскиот налог за апсење е „целосно легална постапка“.
Генс истакна дека за разлика од нормалната меѓународна екстрадиција, „извршната власт не игра никаква улога во процедурата при Европски налог за апсење“.
- Сето тоа се одвива преку директни контакти меѓу правосудните органи, појасни белгискиот министер.
- Белгиските власти од Шпанија примија налог за апсење на Пуџдемон и ќе го проучат, пред да го предадат на судија, изјави синоќа федералниот обвинител Ерик ван дер Сипт.
Пуџдемон и дел од неговите соработници се наоѓаат во Белгија, откако Шпанија ги обвини за бунт, поттикнување на бунт, злоупотреба на јавни фондови и кршење на довербата.
Ново на Сител
-

Новогодишна елка ќе има, плоштадот ќе се украсува од понеделник
-

Вработените во министерството за економија и ДПИ не сметаат дека придонеле да се запали „Пулс”
-

Тема на денот со Трпе Стојановски, експерт за миграции
-

Судење за „Пулс“
-

Насилен упад во редакцијата на Инфомакс, напаѓачот е приведен, здруженија и партии бараат најстрога казна
-

Предлогот за разрешување на Коцевски пристигна во Собранието
-

Филипче повика на обединување против мигранти
-

За да земаат поголеми плати, судии бараат од Уставен да ги укине намалените коефициенти за пресметка
