Генералното собрание на ОН ја отвори својата 70-та сесија

Генералното собрание на ОН, вчера, традиционално во вториот вторник од септември, ја отвори својата редовна годишна сесија, на која се одбележува 70-годишнината на светската организација, пренесоа ДПА и ТАСС.
На првата седница на Генералното сборание учествуваат делегати од 193-те земји членки на ОН, како и генералниот секретар на организацијата, Бан Ки-мун.
Светските лидери во текот на овој месец ќе се соберат на сесијата на Генералното собрание на високо ниво за да го прифатат амбициозниот план за глобален развој во следните 15 години.
Целите за развојот вклучуваат укинување на крајната сиромаштија, борба со нееднаквоста и неправдата, обезбедување квалитено образование за сите и постигнување економски раст.
Лидерите, исто така, на средбата на врвот во Париз, кон крајот на годината, ќе донесат одлука за планот за намалување на последиците од климатските промени, што ќе се смета за дел од целите за развој.
Данецот Могенс Лукетофт, кој е претседател на годинешното 70-то Генерално собрание, изјави дека тоа ќе биде историско.
Бан Ки-мун изјави дека 70-та сесија ќе биде одбележена од важни настани, но преку неа Генералното собрание, исто така, ќе биде исправено пред тешката задача за справување со нараснатиот број кризи низ светот.
Ново на Сител
-

Одобренија за нови 1030 станови, половина во Скопје
-

Тема на денот со Гордана Димитриеска Кочоска, министерка за финансии
-

Доживотен затвор за серискиот убиец од Старо Нагоричане
-

Прв конгрес на Српската демократска лига
-

Доживотен затвор за серискиот убиец од кумановско
-

Владата пресмета колку пари месечно му требаат на четиричлено семејство
-

2,1 милион евра за изведувачите за прославата за независноста - индивидуалните хонорари тајна
-

Бугарија е против квалификувано мнозинство во ЕУ
