Генерален штрајк во Грција
Синдикатите на вработените во јавниот и приватниот сектор во Грција, од утрово започнаа 24-часовен генерален штрајк, што ќе ја парализира земјата, а ќе создаде проблеми во бродскиот и железничкиот сообраќај во Грција, во јавниот превоз во Атина, но и во информирањето на граѓаните, јави дописничката на МИА од Атина.
Причината за штрајкот е новиот закон за работни односи, за кој синдикатите сметаат дека, меѓу другото, го укинува осумчасовното работно време.
Бродовите се закотвени на пристаништата, возовите на железничките станици, а во Атина функционираат само автобусите и тоа само 12 часа, додека пак метрото, трамвајот и тролејбусите не возат.
Во штрајкот учествуваат и вработените во државните болници, во брзата помош, професорите и наставниците, како и државните службеници, но и вработените во медиумите, во приватните и државните, со што Грција денеска е без информативни емисии и без вести.
Во рамките на 24-часовниот штрајк закажани се протести во Атина и други грчки градови, а на протест повикаа и од опозициската СИРИЗА.
Синдикатот на вработените во јавниот сектор (АДЕДИ) и Синдикатот на вработените во приватниот сектор (ГСЕЕ) закажаа протест во 11 часот во центарот на Атина, а Синдикатот ПАМЕ на Комунистичката партија ќе одржи посебен собир еден час порано.
Ново на Сител
-
Во Струга до 17 часот излезноста за претседател 23 проценти, за парламентарните избори 35 отсто, во Вевчани над 63 проценти
-
Двајца фаворити на изборите во Бугарија се на американската црна листа
-
Во Куманово за претседателските избори, излезеноста до 17 часот e 37,66, за парламентарните е 44,82 отсто
-
Во Југоистокот продолжува трендот на најголема излезност во Дојран и Гевгелија, најмал во Радовиш
-
Во Штип излезноста до 17 часот е над 48 отсто на двојните избори
-
Излезноста до 17 часот за претседателски избори е 42,32%, за парламентарни 46,93%
-
Пет лица повредени откако од патот излета возило со албански регистрации во Струшко
-
Во Охрид до 15 часот гласале околу 38, во Дебрца околу 37 отсто од гласачите