Генерален штрајк во Грција
Двата најголеми синдикати во Грција денеска организираат генерален штрајк во знак на протест против усвојувањето на буџетот на земјата.
Како што јави дописникот на МИА од Атина, ова е втор 24-часовен општ протест откако Владата на Сириза дојде на власт, кој ги опфаќа јавните услуги и транспортот.
Болниците во Грција денеска ќе работат со основен персонал, јавниот транспорт ќе се одвива со големи потешкотии, затоа што нема да работат некои линии на метрото и на градските автобуси и тролејбуси, а нема да има ниту возови, затоа што на штрајкот ќе се приклучат и вработените во грчката железница „Траиносе“. Се протпоставува дека ќе има нарушувања и во воздушниот сообраќај.
Против владините мерки на штедење вчера штрајкуваа и грчките медиуми. Весниците не излегоа, а немаше ниту вести на телевизиите и радијата.
- Работниците во медиумите, заедно со сите работни луѓе на нашата земја, повикуваат да се задржи сцијалната сигурност ( основни и дополнителни пензии), социјалните бенефиции, здравствениот систем, се вели во заедничката изјава на синдикатите на новинарите.
Меѓу барањата на грчките новинари е и Владата да воспостави професионален фонд за осигурување.
Протестот беше организиран вчера, еден ден пред денешниот генерален штрајк против донесувањето на буџетот за следната година, со цел медиумите да известуваат за денешниот настан.
Ново на Сител
-
Кумановка измамена за 6.000 денари за набавка на огревни дрва
-
Во центарот на Куманово откриен мурал со ликот на Бобан Трајковски кој беше убиен пред 23 години кај Вејце
-
Приложил патна исправа на негов другар, Албанец уапсен на Табановце
-
Краделе велосипеди во Аеродром, приведени двајца крадци од Србија
-
Бајден за Трамп: Се натпреварувам против „шестгодишно дете“
-
Избоден млад кавадарчанец
-
Оштетиле повеќе предмети и украле пари, уапсени двајца кавадарчани
-
СПМ: Срамни се обидите на СДСМ да ги убедат граѓаните дека грешеле во првиот круг