ГДУ: Илинден треба да нè потсети дека борбата е процес кој не запира во ниту еден момент
Следниот месец Македонија ќе слави 28 години од својата независност, а нашата апатија е сè уште тука. Поделени на „наши“ и „ваши“, заборавивме акцентот да го ставиме на нешто поголемо и далеку поважно од тоа како „нашите“ да дојдат на власт.
Илинден треба да нè потсети дека борбата е процес кој не запира во ниту еден момент. Не би сакал ова мое обраќање да изгледа помпезно, напротив, сакам да знаете дека никој не е поголем од крајната цел нашата земја да стане модерна држава во која владее правото, земја која има висок економски стандард и не е место од кое што бараш начин да се евакуираш.
Денеска, 116 години после Илинден, некои мои колеги политичари, ќе ве замајуваат со патриотски приказни за фаланги, комити, партизани и сл. други пак ќе ви велат дека „само што не сме процветале“, ама вистината е сосема друга. Со секој нареден Илинден, во училиштата на нашата земја има се помалку деца. Во нашите болници има се помалку доктори. Во устите на нашите мајки и татковци има се помалку заби.
Можам да редам уште, но каква е смислата. Бев дете на 5 години кога Македонија го прослави својот прв Илинден, како независна земја, од тогаш до сега вие сте тие кои најдобро знаете како се живее во Македонија и дали сакате вашите деца и внуци да живеат во таква Македонија.
Затоа без многу протоколарности сакам да ви кажам: Ако можеа Илинденци да кренат рака против една цела империја, можеме и ние да се избориме за нашата Македонија, таква, каква што сакаме да ни биде. Треба само да поверуваме во таа борба вистински и да прекинеме да се делиме на „наши и ваши“, бидејќи додека се делиме најлесно ќе можат да нè манипулираат. Тоа е вистината.
Секоја генерација има свој Илинден. Ние нашата генерација сме тие кои можеме да ја донесеме промената, без пушки и пиштоли, но со упорност и храброст. Јас верувам во вас драги мои пријатели, поверувајте и вие. Ако упееме да го промениме системот и да им оставиме една подобра земја на нашите деца, значи сме го достигнале нашиот идеал, нашиот вистински Илинден. Честит Илинден, слава на хероите!
Ново на Сител
-
Во Полска уапсени 75 луѓе поради дистрибуирање на детска порнографија
-
Пронајдени и вратени на родителите две загубени деца во Скопје
-
Додека бегал од полиција фрлил автоматска пушка, уапсен 20 годишник од Гостивар
-
Пилотите на Формула 1: Време е да бидеме третирани како возрасни
-
Бронзен медал за Стефан Михајловски на ЕП во кик бокс
-
Среде Атина Илиоски го победи Гркот Филис Христос и ќе се бори за злато на Европското кик бокс првенство
-
Ван Нистелрој за останувањето во Манчестер: Ќе видиме што носи иднината кога ќе се чујам со Аморим
-
Јаневска најави затворање на два института поради нерегуларности