Балкан
23. July 2015 - 14:45

Газдата сакал да ја силува додека береле лубеници

Дваесетгодишна Србинка го пријавила во полиција за силување Драган, за кого работела како продавачка на тезга за овошје.

Девојката за српските медиуми раскажува како успеала да се спаси од својот газда, кој сакал да ја силува. Немилата случка се случила кога Драган ја викнал девојката на село да бери лубеници, па ја поканил во неговата викендичка.

Кога стигнале таму тој се обидел да ја бакне, но таа го одбила. Тогаш Драган се разбеснил па сакал да ја силува. За среќа девојката успеала да избега, па случајот го пријавила во полиција.