-->
-->
Гатузо по поразот од 1-3: Тоа беше најдобриот меч на Наполи
-->
Тренерот на Наполи, Џенаро Гатузо, мирно го прифати поразот од 1-3 на домашен терен од Интер во 18-то коло од Серија „А“.
– Тоа беше најдобриот натпревар на тимот под мое водство. Не е случајно што немаме победа на „Сао Паоло“ од октомври. Ние правиме основни грешки. Мора да работиме напорно за да ги избегнеме во иднина. Оставаме многу простор и тоа не треба да продолжи. Средниот ред не ја поддржува доволно одбраната, рече Гатузо.
Тој смета и дека сите три погодоци во нивната мрежа можеле да се избегнат.
– Во моментов не е лесно да се игра на нашиот стадион, играчите немаат самодоверба. Во претходните години екипата се бореше за титулата, сега ситуацијата е поинаква и играчите не успеваат да се прилагодат, додаде популарниот Рино.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Почина папата Франциск
-
Приведени три лица кои возеле под дејство на алкохол
-
Спроведени 617 вонредни контроли пред Велигден
-
Иран: Третата рунда американско-ирански преговори ќе се одржи задутре во Мускат
-
Следува период на нестабилно време со дожд и грмежи
-
Нема подолги задржувања на граничните премини
-
Трамп: Се надевам дека Русија и Украина оваа недела ќе постигнат договор
-
Европски Куп на ЕХФ: Алкалоид го совлада Рунар во првиот полуфинален натпревар