Гаши: Собранието е подготвено за донесување на уставните измени, доколку има политички договор
Претседателот на Собранието, Африм Гаши на денешниот брифинг со новинарите нагласи дека законодавниот дом е подготвен да ја почне процедурата за донесување на уставните измени, доколку, како што рече, има политички договор.
- Мислам дека јавноста ги знае ставовите на политичкото мнозинство во државата.
Што се однесува до Собранието веднаш штом ќе има политички договор ние сме спремни да ја почнеме процедурата, рече Гаши коментирајќи ја вчерашната изјава на новата еврокомесарка за проширување Марта Кос дека очекува Северна Македонија да го промени Уставот и да го забрзаме процесот.
Гаши смета дека веќе имаат обезбедено потребното двотретинско мнозинство за гласање на уставните измени. -Мислам дека имаме две третини.
Тој процес во Собрание, мислиме дека лесно ќе помине и ќе го реализираме, но зависи од политичкиот моментум, рече Гаши.
Новата еврокомесарка за проширување Марта Кос, во изјава за медиуми вчера истакна дека очекува Северна Македонија да го промени Уставот, бидејќи, како што рече, тоа е нешто на коешто смета Европската Унија.
На прашањето дали после тоа може да се дадaт гаранции дека нема да има други блокади, Кос рече дека таа не е онаа којашто може да даде одговор на тоа прашање.
Ново на Сител
-
Карневалска ноќ во Струмица
-
Тема на денот со Гордана Димитриеска-Кочоска, министерка за финансии
-
Музичката академија доби концертен клавир од бизнисменот Кочо Анѓушев
-
По кавгата во овалната соба, Трамп и Зеленски си испратија пораки
-
Анализа: Зеленски ќе се врати во Вашингтон, Македонија заседе добра позиција
-
ОЈО: Итно постапување за тешки прекршоци и кривични дела во сообраќајот
-
ВМРО-ДПМНЕ: Дали се отвара пат Андов да избега?
-
9 години се бара правда за убиството на Димитар