Гаши: До собранието се уште не е доставена оставка на Таравари, ниту предлог за гувернер
До претседателот на собранието Африм Гаши се уште не е пристигната оставката на министерот за здравство Арбен Таравари.
Воедно нема пристигнато ниту предлог кој ќе биде координатор на пратеничката група на ВРЕДИ или кандидат за гувернер на Народната банка.
-Оставка се уште нема, а нема ни предлог за гувернер. Немаме никаква нова информација за пратенички групи, рече Гаши на денешната средба со новинарите.
Сега за сега, како што кажа, нема ни нов координатор од ВРЕДИ.
-На последната координација немаше никој од ВРЕДИ. На координација ги викаме координаторите додека тие официјално се координатори. Кога ќе имаме нова состојба ќе го поканиме оној којшто ќе биде координатор, појасни Гаши.
Министерот за здравство и лидер на едното крило на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари синоќа рече дека тој ќе поднесе оставка од функцијата, а за останатите функционери од оваа партија очекува да бидат разрешени.
Премиерот Христијан Мицкоски, вчера, одговарајќи на новинарски прашања рече дека во периодот што следи ќе бидат номинирани нови имиња на местото на оние што и припаѓаа на Алијанса за Албанците.
Ново на Сител
-
Пронајдена дрога во Охрид, приведено едно лице
-
Претреси во Скопје, пронајдени дрога, оружје и муниција
-
2164 сообраќајни прекршоци изминатите три дена на територија на цела држава
-
Буџетот на Србија во дефицит од 665 милиони евра
-
Си: Белорусија е вистински пријател на Кина
-
Соработката меѓу македонската и грчката полиција во фокусот на средбата Малиос – Јанев во Атина
-
Приведен 65-годишен скопјанец за поседување пиротехника без документација
-
Во Кисела Вода почна Skopje Street Food Festival – #Burgerology vol. 2