Гарнизонот „Мирче Ацев“ во Прилеп го одбележа денот на АРМ
Припадниците на АРМ, со професиионалниот ангажман, со љубовта кон татковината, лојалноста, одговорноста и посветеноста кон реформите, имаат свој придонес во извршувањето на уставната мисија за одбрана на територијалниот интегритет и суверенитет на нашата татковина, рече полковник Жарко Ристески, командант на прилепскиот гарнизон „Мирче Ацев“ при денешната свеченост во касарната по повод денот на АРМ, 18 август.
Ристески пред единиците на гарнизонот и гости од локалните институции, меѓу кои и градоначалникот на Пирлеп, Марјан Ристески, нагласи дека респектабилен број македонски војници успешно учествувале во меѓународни вежби, во мировниоте миси, и во помош на локалното население при временски непогоди, пред се ланските поплави.
-Со досегашното посветено и одговорно учество на преку 3.000 припадници на АРМ во мировните миси во Авганистан, Ирак, Босна и Херцеговина, Либан, македонските војници докажаа дека претставуваат фактор на кој може да сметаат нашите паретнери. Стратегика определба на АРМ и на секој нејзин припадник, без разлика на чин, должност, национална, верска или полова припадност, е полноправно членство во структурите на евроатланските безбедносниорганизации, нагласи Ристески.
Градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески им оддаде почит на војниците од прилепскиот гарнизон за нивната несебична соработка со локалните власти за потреби и помош на цивилното население.
По повод 23 години од формирањето на Армијата на Република Македонија во рамките на прославата во прилепскиот гарнизон каде се околу 600 војници, беа положени е свежи цвеќиња на споменикот на Мирче Ацев во кругот на Касарната, им беше оддадена почит на загинатите борци за Македонија и загинатите и починатите припадници на АРМ.
Единицата го претстави вооружувањето и опремата со кои располага, а поединци беа унапредени, одликувани и наградени за својот посебен ангажман во единицата.
Ново на Сител
-
EУ почна преговори со Украина и Молдавија
-
Teма на денот со Зоран Јовановски
-
EУ почна преговори со Украина и Молдавија
-
Прва инвестиција на новата Влада вредна 500 милиони долари
-
Почна расправа за струјата
-
Од министерска во директорска фотелја – Фатмир Меџити е нов директор на Клиниката за неврологија
-
Клиниките во Скопје и Штип ќе ги лечиме на арбитража во Париз
-
На секоја втора фирма лани и било барано мито, сумите одат и до 100 илјади евра