„Гардијан“: Зголемен бројот на исламофобни напади после Крајстчрч

Бројот на дела мотивирани од омраза кон муслиманите се зголеми за дури 593 отсто во Велика Британија, во седмицата во која 50 лица беа убиени во напад во две џамии на Нов Зеланд, објави „Гардијан“.
Хуманитарната група „Тел Мама” соопшти дека речиси сите напади на некој начин биле поврзани со случајот во Крајстчрч и дека имало повеќе инциденти против муслиманите во изминатите седум дена отколку во неделата по терористичкиот напад во Манчестер во 2017 година.
Во оваа хуманитарна група, од 15 март, денот на нападот на Нов Зеланд,до 21 март на полноќ, биле пријавени 95 инциденти, од кои 89 проценти содржеле директни референци, вербално или со гест, на напади во Нов Зеланд.
Во изминатите седум дена, муслиманите во Оксфорд, Саутемптон и Колиндејл, во северниот дел на Лондон, пријавиле дека луѓе им приоѓале преправајќи се дека носат оружје и имитирале пукањето со рацете.
Во Колиндејл и Оксфорд, една жена со деца и една со муслиманска шамија на главата пријавиле дека им пристапиле луѓе имитирајќи звук на оружје.
Во одделни случаи во Лондон биле забележани вербални инциденти како што се „мора да бидете убиени”, „ заслуживте” и „муслиманите мора да умрат”.
Инциденти биле пријавени во Шкотска, каде што била нападната џамија, како и во Стенвел во Сари, каде еден тинејџер е прободен во рака од страна на екстремистички десничар.
Групата „Тел мама” обично прима околу 30 до 35 пријави за инциденти неделно. Во неделата пред нападот во Крајстчрч, биле пријавени 16 инциденти.
Ново на Сител
-

Захарова: Може да се забележи бавен, но постојан напредок во преговорите со САД
-

ТИТАН Усје тврди дека работи законски
-

Ким Џонг Ун посети градилиште за подморници на нуклеарен погон
-

Ѓорѓиевски: Без ниту еден глас против донесен Буџетот на Град Скопје, следува преродба на градот
-

Министерството за правда ќе формира работна група за Изборниот законик
-

Николоски: Граѓаните да внимаваат и да купуваат стан кој веќе е изграден, а не во градба
-

Мицкоски: Јавноста да биде спокојна, нема да примаме мигранти, немало никакви разговори
-

Тошковски: Со воведување на проектот „Безбеден град“ намален е бројот на повредени од сообраќајки
