„Гардијан": ЕУ враќаат имигранти баратели на азил во Грција
Земји членки на Европската Унија се подготвуваат да почнат процес за враќање бегалци во Грција, и покрај тоа што земјата се соочува со се поголем прилив на мигранти, но и со нивните се пожестоки протести во Атина, пишува британски „Гардијан".
Земји од ЕУ имаат намера да вратат дел од барателите на азил кои влегле преку во Грција, „без разлика што земјата ја преживува најтешката економска криза во својата понова историја и без оглед на критиките на организациите за заштита на човековите права“, се вели во написот.
Германија поднела 400 такви барања за враќање на мигрантите, според извори во Берлин и на грчката Влада. Сличен е случајот и со Велика Британија, Франција, Холандија и Норвешка.
Според грчкиот министер на миграциска политика, Јоанис Музалес, враќањето на првите бегалци се очекува следниот месец.
- Ќе почнеме со симболичен број луѓе, во знак на пријателство кон другите земји од ЕУ. Грција веќе прифати толку многу бегалци и е подложена на таков притисок, што доколку прифати повеќе, ќе биде апсурдно и смешно, ако не беше трагично, вели тој за весникот.
Владата на Ангела Меркел трпи критики дека го одолговлекува сместувањето на семејствата на барателите на азил во Германија. Протестите на Сиријци, кои бараат сместување, се засилија во момент кога сместувањето на цели семејства се сведе на помалку од 100 во текот на еден месец - а тоа е пет пати помалку од пролетта, стои во статијата.
Германските власти ги отфрлаат наводите за официјално ограничување на оваа бројка.
Според податоци од германското Министерство за внатрешни работи, 4.339 лица, претежно Сиријци, чии барања за азил се одобрени, и натаму се наоѓаат во Грција.
Ново на Сител
-
Од ноќеска нестабилно со пороен дожд и грмежи и услови за краткотрајно невреме, особено во четврток
-
Митевски: Најдоцна до крајот на септември зонско паркирање во Ново Лисиче и Реонски центар
-
Поевтинуваат бензините и дизелот
-
Повторно поставен споменикот на Андон Лазов-Ќосето
-
Изминатиов викенд 1148 сообраќајни прекршоци на територија на цела држава, 458 за брзо возење
-
Македонски боксерски судија нападнат во ринг од страна на азербејџански тренер | ВИДЕО
-
Орбан: Трговскиот договор меѓу ЕУ и САД е полош од оној со Британија
-
Де Вевер: Нема причина за славење поради трговскиот договор ЕУ-САД