„Гардиан“: Камерон не ја исклучува можноста Велика Британија да ја напушти ЕУ

Британскиот премиер Дејвид Камерон во вторник ќе упати драматично предупредување до своите колеги и лидери од ЕУ во однос на британското членство во Унијата, пишува весникот „Гардиан“.
Премиерот на своите колеги ќе им каже дека доколку тие ги отфрлат неговите барања за реформи, нему ќе му биде наметната одлуката да препорача излез на Велика Британија од ЕУ.
На 10 ноември Камерон ќе испрати писмо до претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, во кое официјално ќе го претстави списокот со британски барања за реформи. Меѓу нив ќе биде и четиригодишната забрана за мигрантите од ЕУ да бараат социјални придобивки, откако ќе влезат на британска територија.
Писмото ќе претставува почеток на месеците долги преговори, во кои ќе учествуваат високо позиционирани претставници на сите европски влади. Од овие преговори ќе зависи ветениот референдум од Камерон референдум за британското членство во ЕУ, што треба да се оддржи пред крајот на 2017 година.
Во говорот што ќе го оддржи, исто така, во вторник, Камерон ќе ја даде својата најкатегорична изјава до овој момент во однос на британското европско членство. Тој ќе подвлече дека варијантата статус кво не е прифатлива за Лондон и дека земјата може да се повлече од Унијата доколку британските барања за реформи не бидат исполнети.
„Ако ние не постигнеме ваква спогодба и ако британските стравувања не бидат слушнати, разврска која се надевам нема да се случи, тогаш ние ќе треба повторно да размислиме дали ЕУ е правилниот избор за нас и како што кажав и порано, јас ништо не исклучувам“, ќе каже Камерон.
Тој, меѓутоа, ќе изрази увереност дека Велика Британија може да постигне спогодба што ќе биде од корист и за неа и за нејзините европски партнери. Тогаш Камерон ќе застане зад варијантата неговата земја да остане во составот на реформираната ЕУ, посочува „Гардиан“.
Весникот се повикува на делови од писмото на Камерон, кое во вторник ќе му биде испратено на Туск.
Меѓу барањата за реформи во писмото на Камерон ќе биде и тоа за проширување на надлежностите на националниот Парламент за да може да блокира европски закони. Второ барање ќе биде поголема заштита на земјите кои не се дел од еврозоната.
Ново на Сител
-

Тема на денот со министерката за образование и наука, Весна Јаневска
-

САД ке ја предводи истрагата за инцидентот на „Рајанер“ што се случи на македонското небо
-

Власта и опозицијата се обвинуваат кој не сака нов Изборен законик
-

Утре во Собрание владината реконструкција
-

Владината кошничка ќе биде усвоена следната недела на ЕСС
-

Високите температури го зголемија ризикот од труење со храна - на инфективна секојдневно имаат пациенти
-

За 30% зголемен бројот на повици во Итната помош Прилеп, недостасува кадар од сите профили
-

Овчата сипаница го пустоши сточниот фонд
