ГАК ќе го одбележи 17 Ноември – Светскиот ден на предвреме родените деца, годишно во државата се раѓаат 600 предвремено родени бебиња

Годишно во нашата држава се раѓаат 600 предвреме родени бебиња на кои покрај борбата за живот, правилната нега и грижа треба да им се овозможи и максимално можен квалитет на живот во иднина. Клиника за гинекологија и акушерство (ГАК) како најповикана институција и прв дом на сите предвреме родени дечиња, ја продолжува традицијата и заедно со сите центри во светот денеска ќе го одбележи 17 Ноември – Светскиот ден на предвреме родените дечиња.
Мотото под кое ќе се одбележува годинава овој ден е „Роден прерано: Обезбедување на соодветна грижа, во соодветно време, на соодветно место“, а целта е подигнување на јавната свест во општеството со цел подобри резултати во згрижување на предвремено родените бебиња.
На настанот во просториите на Клиниката за гинекологија и акушерство ќе се обратат директорката на ЈЗУ ГАК доц.др.Викторија Јовановска, началничката на Одделението за интензивна нега прим.др. Елизабета Петковска, како и претставникот од граѓанската организација „Лулка“ со која Клиниката има потпишано меморандум за соработка при што ќе бидат изнесени реализираните заеднички активности во изминатата година. Најавена е и прес-конференција во амфитеатарот на ЈЗУ У ГАК на која ќе бидат презентирани новите статистики за намалување на смртноста кај новороденчињата, како и за набавката на нов апарат.
Како што соопштуваат од Клиниката, на настанот ќе присуствуваат и сопругата на претседателот на држвата, првата дама Елизабета Ѓоргиевска како и Зорица Заева, сопруга на премиерот на државата.
Предвидено е Ѓоргиевска и Заева да ги посетат просториите на Одделението за интензивна нега на недоносените новороденчиња, а ќе се одржи и настан посветен за најмалите дечиња кои биле поранешни пациенти на Одделението за интензивна нега на ГАК.
Ново на Сител
-

Тема на денот со доктор Драган Даниловски
-

Големо невреме го зафати Скопје
-

Преглед на вестите од светот
-

Нова ера во хирургијата: Првата роботски асистирана операција успешно изведена во „Аџибадем Систина“
-

Притвор за директорката и двајца раководители од гостиварски „Комуналец“
-

30 дена кризна состојба во Гостивар
-

АХВ со засилени активности во Гостивар: Инспекторите земале дополнителни мостри од болницата и други објекти за испитување
-

Стомачни вируси детектирани кај двајца Гостиварци на Инфективна клиника
