-->
-->
Гачевски: Со Розенборг нема што да загубиме
-->

Фудбалерите на македонскиот првак Вардар денеска го имаа последниот тренинг во Скопје пред гостувањето во Норвешка во рамките на 2.коло од Лига Европа. Вардар ќе игра против норвешкиот првак Розенборг.
- Знамеме дека ќе имаме тежок натпревар.Воедно ќе играме трет натпревар против скандинавска екипа оваа сезона, по дуелите со Малме и со Копенхаген, сега на ред е Розенборг. Мислам дека со Розенборг немаме што да изгубиме. Со пласманот во Лига Европа направивме голем успех и се што ќе постигнеме е голем плус и ќе се обидеме да направиме добар резултат и за нас и за Македонија и очекувам да се гордееме сите заедно, изјави голманот на „црвено-црните“ Филип Гачевски.
Во првото коло од групата ЛВардар загуби дома од Зенит со 5:0, додека Розенборг беше поразен на гостувањето кај Реал Сосиедад со 4:0. Дуелот Розенборг - Вардар се игра во четврток со почеток во 19 часот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Градот Скопје обезбеди 3 милиони евра за катни гаражи на Клинички
-

Тема на денот со Борко Ристовски, министер за спорт
-

Инспектор на ДЗС: „Пулс“ не ги исполнувал условите за противпожарна заштита
-

Комеморативна седница за годишнина од пожарот во Кочани
-

Ако маркетите не си останат на зборот и почнат со поскапувања, државата веднаш да интервенира, велат од ОПМ
-

ВМРО - ДПМНЕ обвинува за синдикалните протести
-

Цената на нафтата повторно расте - Иран се закани: Ќе стигне до 200 долари
-

Преглед на вестите од светот
