Габриел: Ваква Турција никогаш нема да стане членка на ЕУ
Турција никогаш нема да стане членка на ЕУ се додека со неа управува Реџеп Тајип Ердоган, изјави германскиот министер за надворешни работи Зигмар Габриел, обвинувајќи го турскиот претседател дека не ги сфаќа сериозно пристапните преговори со Унијата.
- Јасно е дека во оваа состојба Турција никогаш нема да стане членка на ЕУ. Не затоа што ние не сакаме, туку затоа што турската Влада и Ердоган брзо се оддалечуваат од се кон што се стреми Европа, истакна Габриел во интервју за германскиот весник „Билд“.
Тој смета дека „земја која ја ограничува слободата на говорот, затвора невини луѓе и ја потиснува опозицијата, не може да стане дел од ЕУ“.
На прашањето дали би им препорачал на германските државјани да патуваат во Турција, тој одговорил дека „тоа сега не може да се направи со мирна совест“.
- Ние немаме проблем со земјата, ниту со Турците, туку имаме проблем со актуелната власт и политиката која ја спроведува претседателот, нагласи шефот на германската дипломатија, додавајќи дека „Турција е голема и ќе постои и по Ердоган“.
Германско-турските односи се заострија по апсењето на двајца германски новинари и активисти во Турција, а дополнително се влошени откако Ердоган ги повика Турците во Германија да ги бојкотираат партиите на владејачката коалиција на изборите следниот месец.
Ново на Сител
-
Посебен режим на сообраќај во Скопје
-
САД од утре со 104 отсто царини на увозот од Кина
-
Ја продолжувам работата на Цепенков и Мисирков | Томче Јосимовски | ПРОфесија | Sitel Podcast 089
-
Бројот на жртви по уривањето на покрив во ноќен клуб во Доминиканската Република се искачи на 27
-
Грир: Царините утре стапуваат во сила, паралелно со преговори со некои земји
-
Трамп најави можен договор со Јужна Кореја и чека Кина да се јави
-
Пад на руските приходи од нафта и гас
-
Американските берзи го отворија денот со раст