-->
-->
Габриел Бајрам осуден на три месеци затвор
-->
– Советникот во Град Скопје и син на починатиот пратеник Амди Бајрам, Габриел Бајрам, доби казна затвор од три месеци, откако пред Кривичниот суд во Скопје ја призна вината за сторено насилство во угостителски објект во Скопје, потврдија за МИА од судот.
Кривичната пријава за Бајрам беше поднесена откако на семејна веселба во угостителски објект во Скопје, заедно со неговиот син, повредил еден од вработените и го кршел инвентарот во објектот.
Неговиот син доби условна казна затвор од три месеци која нема да се реализира доколку во рок од една година не стори ново кривично дело.
Бајрам, кој веќе помина еден месец во притвор во затворот во Шутка, правосилноста на одлуката ќе ја чека во домашен притвор.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Бојан Трајковски, Асоцијација на специјализанти и млади лекари
-
Грета Тунберг на протест за Дошница
-
Преглед на вестите од светот
-
Цела недела топлотен бран – од утре мало разладување
-
Спречен обид за подметнување пожар на Водно, гори на шест локации во Македонија
-
62 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје
-
Иницијативата за протоколот со Бугарија пред уставните судии по летните одмори
-
Османи: Автономијата во одлучувањето е духот на Охридскиот договор