Г7 и Европскиот совет на средба за решавање на проблемите предизвикани од војната во Украина
Нови санкции против Русија и помош за Украина договорија лидерите на групата седум најразвиени индустриски земји на денешниот состанок во Брисел. Американскиот претседател Бајден го предупреди официјален Кремљ да не употребува биолошко, хемиско или нуклеарно оружје во Украина, бидејќи како што рече, ќе следува ист одговор. Бајден вети воена помош вредна една милијарда долари, но и прифаќање на илјадници бегалци.
Поддршка за Украина и нови санкции за Русија најавиа Макрон и Џонсон. Најавуваат дека ќе ја окончаат војната без воени дејствија од НАТО алијансата.
Во меѓувреме, ЕУ најави план за замена на руските енергенси кои пристигнуваат од Европа.
Состаноците на Г7, ЕУ и НАТО доаѓаат на точно еден месец од почетокот на руската инвазија на Украина.
-

Зоран Јаневски
Сите содржини од овој новинар
