Г. Тимотеј: Македонците во Австралија да бидат со МПЦ-ОА
Светиот архиерејски синод на Македонската православна црква - Охридска архиепископија не ги сака имотите на Македонците во Австралија туку сака да е со својот народ и сака народот да е со светата Македонска православна црква.
Ова го порача владиката Тимотој, кој заедно со секретарот на Дебарско-кичевската епархија протојереј Никола Христоски и епархискиот протоѓакон Николче Ѓурчиноски се во редовна канонска визита во Перт, Западна Австралија каде што ја посетија новоформираната Австралиско-сиднејска епархија на Македонската православна црква-Охридска архиепископија.
Високата црковна делегација беше пречекана од претседателот на Црковната управа при црквата „Св Никола“, Јоте Ќандовски заедно со членовите на управата, свештеникот Станко Јованановски и бројни верници, а присуствуваше и почесниот конзул на Република Македонија Зоран Ќосески.
Предвидено е владиката Тимотеј за време на посетата да одржи света архиерејска литургија во црквата Свети Никола.
Ново на Сител
-
Се одложи судењето за „Онкологија“, обвинета имала стомачен вирус
-
Жељазков бара извинување од Мицкоски, заострена реторика на односите Скопје - Софија
-
Висок ризик од пожари
-
Платите на административците во независните институции ќе се изедначат со останатите плати во јавниот сектор
-
Камен-темелник на нова фабрика на „Чагатај Кабло“, ќе се отворат 200 нови работни места
-
Стартуваат „Златни денови“ во Кратово
-
Преглед на вестите од светот
-
Се одложи стартот за судењето за Онкологија