ФЗОМ вработува Албанец/ка советник на директорот со услов завршена Ликовна уметност, плата 34.448 денари
Фондот за здравствено осигурување пред четири дена објави јавен конкурс за вработување на советник за административна поддршка на директорот на институцијата. Во делот посебни услови кои треба да ги поседува кандидатот, во огласот е наведено дека треба да поседува „ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Јавна управа и администрација, Ликовна уметност, Oрганизациски науки и управување (менаџмент)“.
Согласно годишниот план на институцијата за 2020 година, пак, предвидено е вработување на еден Албанец или Албанка. Платата изнесува 34.448,00 денари.
Во јавноста се почесто има реакции за објавување на огласи каде веќе се знае кој ќе биде вработен. Според кандидатот кој веќе е избран во огласот се наведуваат квалификациите кои треба да се исполнат.
Ново на Сител
-

Имаат ли властите стратегија за овогодинешните пожари на депониите?
-

Тема на денот со Александар Кржаловски, директор на МЦМС
-

Кризната состојба за нафтата ќе трае до 20 јули
-

Европа може да се соочи со недостиг на керозин: Колкави резерви има Македонија?
-

ММФ: Помал раст на економиите и повисока инфлација поради војната на Блискиот Исток
-

Петмина сведоци не се појавија на судењето за „Пулс“
-

Со докази продолжи судењето за Димитровска
-

СДСМ со кривична за унгарски сопственици на ТВ Алфа
