ФЗОМ: Од 1 септември капитациски поен за избраните гинеколози ќе биде 55 денари
Фондот за здравствено осигурување на Македонија на последната седница на Управниот одбор донесе одлука од 1 септември да ја зголеми вредноста на капитациски поен за избраните гинеколози од 50 на 55 денари за секоја осигуреничка која извршила избор.
Од ФЗОМ соопштија дека одлуката ја донеле по разговорите и преговорите со Здружението на приватните гинеколози акушери на Македонија (ЗПГАМ), а во насока на повисоко вреднување на трудот на избраните гинеколози и зголемување на квалитетот на пружените здравствени услуги на осигурените лица.
ФЗОМ, како што се наведува, исто така, го зголеми финансискиот надоместок за избраните гинеколози кои вршат породување во породилиштата во здравствените домови во Република Македонија, а со цел обезбедување навремена здравствена заштита на бремените жени во местата каде нема гинеколошко - акушерски одделенија во болничките здравствени установи.
Со цел унапредување на статусот на избраните гинеколози во примарната здравствена заштита и потребата од нивно поголемо ангажирање за намалување на смртноста на новороденчињата и родилките, Фондот го дополни Правилникот за начинот на плаќање на здравствените услуги во примарна здравствена заштита при што за првпат, се воведува вреднување на обезбедените здравствени услуги за бремени жени од избраниот гинеколог. Имено, основната капитација за гинеколозите кои следат бремена жена ќе се пресметува со тоа што ќе се множи со два поени, односно гинеколозите кои следат бремена жена ќе добиваат двојна вредност од капитацијата.
Ваквиот начин на пресметување на капитацијата за бремените жени ќе се применува за времетраење на бременоста, односно до завршување на породувањето, но не повеќе од девет месеци, посочуваат од ФЗОМ.
Ново на Сител
-
Си пред посетата на Србија го критикуваше НАТО за бомбардирањето на Белград во 1999 година
-
ЕУ одобри шест милијарди евра за Балканот, Рама: Историски момент, кој внесува нов импулс во процесот на проширување
-
Девизните резерви во април зголемени за 41,9 милиони евра
-
Анонимна пријава за случаи со поткуп од политичка партија во Кичево
-
Во Делчево денеска гласаат 222 болни и изнемоштени лица за претседателските и парламентарните избори
-
Советот на ЕУ го усвои првиот закон за борба против насилство врз жените
-
И во Шпанија студентите подготвуваат протести против Израел
-
Претреси во Охрид поради фотографирање избирачки список и гласачки ливчиња