ФЗОМ: Нулта толеранција кон какви било облици на криминално однесување, вклучително и во сопствените редови
Фондот за здравствено осигурување на Македонија соопшти дека во целост ја поддржува работата на надлежните институции и дека ги обезбедил сите потребни информации за спроведување на истрагата во врска со објавата на државното Јавно обвинителство за започнување истрага поврзана со измами со т.н. „брзи кредити“ и за поведување кривична постапка против едно службено лице во ФЗОМ.
-Кривичните дела кои се предмет на постапката – Фалсификување исправа (член 378), Злоупотреба на лични податоци (член 149) и Компјутерска измама (член 251-б) од Кривичниот законик – се сериозни прекршувања на законот и претставуваат загрозување на довербата во јавните институции. Фондот за здравствено осигурување ја изразува својата решителна заложба за нулта толеранција кон какви било облици на криминално однесување, вклучително и во сопствените редови, соопшти Фондот.
Информира и дека веќе има преземено „серија мерки за зголемување на безбедносните стандарди, со посебен фокус на заштитата на личните податоци и унапредување на ИТ-безбедноста.
-Сигурноста на граѓаните и нивните податоци останува врвен приоритет. Овој изолиран случај нема да влијае врз угледот и професионалноста на институцијата. Напротив, решителноста да се расчисти со ваквите појави претставува доказ за нашата посветеност на транспарентност, интегритет и професионална етика. Фондот за здравствено осигурување и понатаму ќе соработува целосно со органите на прогон и ги поддржува напорите за целосно разоткривање и санкционирање на сите лица вклучени во овие противправни дејствија, се наведува во соопштението од ФЗОМ.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Иван Ивановски, Support Kocani
-
Невреме со град во Скопје и низ Македонија
-
ЗНАМ го потврди Максим Димитриевски за кандидат за Куманово
-
Ангела и Андреј се враќаат од Белград
-
Политичките партии со обвинувања: Што е испуштено во истрагата, што е преземено по трагедијата во Кочани?
-
Дали има лекарска негрижа во случајот со починатото 3–годишно дете од Кавадарци?
-
Муслиманите го слават Курбан Бајрам
-
Голем број Mакедонци продолжениот викенд ќе го поминат надвор од државата