ФЗОМ: Досега околу 3.500 осигуреници ги искористиле електронските услуги

Околу 3.498 осигуреници, овластени лица и здравствени работници, за само еден месец од воведувањето ги искористиле електронските услуги и поднеле барање од своите домови или работни места по електронски пат за остварување одредено право, покажуваат првичните податоци на Фондот за здравствено осигурување (ФЗОМ).
Како што се наведува во соопштението на ФЗОМ, најчесто користена електронска услуга овој месец е за заверка на ортопедски помагала, која 2.838 осигуреници ја искористиле и поднеле документи преку матичните лекари и лекарите специјалисти по електронски пат.
ФЗОМ за унапредување и олеснување на комуникацијата помеѓу Фондот и осигурениците, фирмите и здравствените работници неодамна овозможи сет електронски услуги на порталот на Фондот со кои на брз, лесен и ефикасен начин осигурениците можат да ги остварат своите законски права без притоа да мораат да доаѓаат на шалтерите.
Со воведување на електронските услуги на ФЗОМ осигурениците, фирмите и здравствените работници го избегнуваат одењето во подрачните служби, а со самото тоа и трошењето време и финансиски средства, а се овозможува и увид во сопствениот предмет, дали е позитивно или негативно решен и кога ќе биде извршена исплатата доколку се работи за рефундација на средства.
Ново на Сител
-

Експерти: Силните ветришта во Скопје не се вообичаени, но нема да бидат изолиран случај
-

Тема на денот со Ивица Боцевски, поранешен амбасадор
-

Скопје ден по невремето со ветер со јачина на ураган
-

Урагански ветар пустошеше по Истокот
-

Епидемијата во Гостивар стивнува велат од здравство, цистерни вода ќе се носат од други градови
-

Брисел ни ги достави задачите што треба да ги исполниме до декември
-

Ганди доби биста во Музејот на Град Скопје
-

Просечната плата се доближува до 50 илјади денари: Кои работници се најплатени?
