ФЗО: Во функција системот „Мое осигурување“
Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија (ФЗОРСМ) известува дека системот „Мое Осигурување" функционира за осигурениците во цела држава, со тоа што поради технички прилагодувања, во целосна функција ќе биде ставен до крај на денот.
-До овој момент „Мој термин" ги има преземено податоците заклучно со денешен датум, 20 февруари 2023. Сите платени придонеси од сите обврзници се евидентирани во Мој Термин. Ова значи дека сите здравствени работници и аптеки имаат можност да го проверат статусот на осигурување во Мој Термин, соопштија денеска од ФЗОРСМ.
Оттаму информираат дека активно работат и на системот за исплата на плати, породилни боледувања и други рефундации. Очекуваат во текот на денов враќање и на останатите состеми. Сите информации, како што најавуваат, веднаш и благовремено ќе бидат споделени со јавноста.
Премиерот Димитар Ковачевски викендот во интервју за МИА истакна дека проблемот со хакерскиот напад на Фондот за здравствено осигурување ќе се реши. На него, како што информираше деноноќно работат домашни и експерти од земјите - членки на НАТО. Личните податоци на граѓаните, според Ковачевски се заштитени, а се прават напори да им бидат исплатени и платите на здравствените работници.
Ново на Сител
-

Песков: Русија сака мир, а не кратко примирје
-

Тешко повреден малолетник на „томос“ по направена сообраќајка
-

Благодарение на ЗХГ ќе нема огномет на новогодишната прослава на плоштадот во Скопје
-

Кривична за командир и четири полицајци, криеле бесправна градба, ќе одат на психолошки преглед
-

Три месеци условна казна затвор за родител кој му дозволил на малолетен син да вози тротинет во Велес
-

Приведени возачи од Штип и Охрид, возеле под дејство на алкохол и пронајдена е марихуана
-

Малолетник уби едно дете во напад со нож во училиште во Русија, неколкумина повредени
-

Во Штипскиот затвор починал 40 годишен осуденик
