-->
-->
Футсал репрезентацијата на Македонија загуби со 3:0 од Холандија
-->

Футсал репрезентацијата на Македонија загуби со 3:0 од селекцијата на Холандија на домашен терен во натпревар од 5. коло од групата 7 од квалификациите за пласман на ЕП.
Во спортска сала „Јане Сандански“ во Скопје, Македонија одигра добро прво и лошо второ полувреме. Сите погодоци противникот ги постигна во второто полувреме.
Избраниците на селекторот Васко Скендеровски одиграа добро во првиот дел, создадоа неколку солидни прилики за постигнување на погодок, но без реализација.
Во продолжението од натпреварот, Кемпс во 24. минута го отвори резултатот. Минута подоцна Холандија преку Мартинус зголеми на 2:0. Истиот играч во 35. минута по втор пат се запиша во листата на стрелците на денешниот натпревар.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Весна Пусиќ, поранешна министерка за надворешни работи на Хрватска
-

Во Скопје протест за поддршка на командантите од УЧК
-

Партиски препукувања за темата со мигрантите
-

СДСМ: Партиски кујни на ВМРО-ДПМНЕ за лажни вести
-

ВМРО-ДПМНЕ продолжува со напади кон Спасовски
-

Франција ја блокира Црна Гора на патот кон ЕУ
-

Може ли да се укине ветото како механизам?
-

За една година згаснале околу 5.400 фирми, објави Централниот регистар
