Фуере: Мислам дека изборите во Бугарија нема да донесат ништо ново, па нема поента ЕУ да чека за да дејствува
Поранешниот амбасадор на Европската унија во нашата земја, Ерван Фуере, ја повика Европската унија да се вклучи во решавање на македонско-бугарскиот спор, бидејќи во спротивно смета дека може да се заглавиме во оваа ситуација извесно време.
– Мислам дека изборите во Бугарија, за жал, нема да донесат ништо ново, па нема поента ЕУ да чека за да дејствува. Европските институции треба да бидат поинвентивни во пристапот. Имаат инструменти кои треба да ги користат, како медијација, со поголем фокус на изучување на историјата. Многу, многу инструменти кои можат да се искористат, а да не се блокира почетокот на преговорите, вели Фуере во интервју за телевизија Телма.
Владата на Македонија, посочува тој, треба да продолжи со неопходните реформи кои се бараат, особено во делот на правосудството и борбата против корупцијата, бидејќи тоа е најдобриот аргумент за да покаже дека е подготвена за обврските од членството во ЕУ.
– Грижата е ако ЕУ не се вклучи, и ако притисокот од Бугарија е толку силен што Владата во Македонија може да се чувствува обврзана да ги прифати позициите кои би можеле да бидат контрапродуктивни на долг рок, кои може да го свртат јавното мислење против неа. Ова ќе биде голема грешка за стабилноста на Западен Балкан бидејќи ќе воспостави многу опасен преседан за во иднина, изјави Фуере.
Ново на Сител
-

Поскапуваат дизел горивата
-

Украден „голф“ кој бил паркиран со клуч на бравата - возачот удрил во маркет и повредил вработена
-

Кумановец сакал да откупи крипто валути, останал без 43.750 евра
-

МЗШВ: Засилени контроли на АХВ во Липково поради појава на сипаници кај овците и козите
-

Јаневска: Нема потреба од повлекување на законот за високо образование, нема многу забелешки, сите разумни ќе бидат прифатени
-

Зеленски: Следните мировни преговори ќе се одржат во Абу Даби на почетокот на март
-

Oткриен обид за шверцување 4.800 пакувања никотински кесички во вредност од 1,2 милион денари
-

Дала 2.700 евра а барала да се вратат 15 илјади евра, уапсена 53 годишна лихварка во Струмица
