Фудбалерот Шабан Зенку со потекло од Кичево потпиша за Борусија Менхенгладбах
Големиот фудбалски талент Шабан Зенку чии родители се со потекло од село Жубрино, Кичевско, со неполни 15 години го потпиша првиот четиригодишен професионален договор со Бундеслигашот Борусија Менхенгладбах.
Зенку е роден на 4 февруари 2004 година во Касел, Германија каде што живее моментално со неговите родители. Актуелно Шабан Зенку е член на Касел, но неговиот талент го привлече вниманието на многу германски клубови по што најупорни беа менаџерите на Менхенгладбах, со кои потпиша договор по завршувањето на ова полусезона.
За Шабан Зенку се интересираат и многу селектори на соодветни национални репрезентации, вели неговиот родител Џевдет, но морам да признам дека најупорени се престсвниците на ФФМ со кои веќе сме ги имале и првите контакти, иако се уште не сме одлучиле за која национална селекција ќе настапува, објаснува таткото на Шабан, Џевдет Зенку.
Ново на Сител
-
Наместо 5.000 денари, пензионерите во септември ќе добијат 2.500, а останатите во март
-
Борисов со нови закани, Мицкоски вели дека изјавите му се застарени
-
Синдикатот на полицијата со кривична против Оливер Спасовски
-
Преглед на вестите од светот
-
EУ почна преговори со Украина и Молдавија
-
Teма на денот со Зоран Јовановски
-
EУ почна преговори со Украина и Молдавија
-
Прва инвестиција на новата Влада вредна 500 милиони долари