Фудбал
15. November 2021 - 8:27

Фудбалерите во соблакувалната со „Земјо Македонска“ го прославија пласманот во баражот за СП 2022 | ВИДЕО

 Македонската фудбалска репрезентација за првпат во својата историја ќе учествува во плејоф за едно Светско првенство, откако вечерва во Скопје го победи Исланд со 3:1 во последното коло од квалификации.

Како се славеа македонските фудбалери може да погледнете на следното видео

Избраниците на селекторот Благоја Милевски во соблекувалната со песната „Земјо Македонска“ го прославија големиот успех.

Извлекувањето на групите за баражот е закажано за 26 ноември.