-->
-->
Фудбалер на Атлетико (М) пријавен за злоставување
-->

Дефанзивецот на Атлетико Мадрид, Лукас Ернандес (20), утрово бил приведен во полициска станица бидејќи ја злоставувал својата девојка, пренесуваат шпанските медиуми.
Според истите извори, Ернандес, во алкохолизирана состојба се вратил дома, а потоа дошло до физичка пресметка помеѓу него и девојката која со полесни повреди завршила во болница.
Веднаш потоа, околу 2:30 часот, Ернандес бил приведен од шпанската полиција.
Лукас Ернандес е член на младата француска репрезентација, роден е во Марсеј, но ја има минато фудбалската школа на Атлетико.
Овој настан веројатно ќе има влијание врз неговата кариера, а особено кај тренерот Чоло Симеоне, која мината сезона овој млад фудбалер го внесе во првиот тим.
Лукас Ернандес поради својата поливалентност (може да игра како централен дефанзивец и како лев бек) минатото лето беше на мета на неколку познати екипи.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Кос го подготвува нонпејперот за полесно проширување на ЕУ, во Македонија и регионот нема многу оптимизам дека ќе помогне
-

Тема на денот со Александар Николоски, вицепремиер и министер за транспорт
-

Обвинение за 23 полицајци
-

Судијата Садула Изаири е новиот член Судскиот совет
-

Предлог Законот за минимална плата од 600 евра стигна во Собранието
-

ЕК не гарантира кога ќе се надмине проблемот на камионџиите, Мицкоски очекува решение во февруари
-

Јавниот долг падна под 60% од БДП
-

Совет на Европа го затвори постмониторинг дијалогот со Македонија
