Фудбал
14. September 2016 - 8:37

Фудбал У-19: Македонија и БиХ ремизираа на првиот од двата пријателски натпревара

 На првиот од двата контролни натпревара на македонската репрезентацијата до 19 години против Босна и Херцеговина во рамки на подготовките за квалификациите за Европско првенство немаше победник, резултатот беше 2:2.
 
БиХ поведе во 19.минута преку Денис Зериќ во 19 минута, Македонија изедначи со голот на Бојан Колевски во 47.минута. Нермин Хајдаревиќ во 76 минута повторно ја доведе репрезентацијата на БИХ во водство, но пред самиот крај на натпреварот, во четвртата минута во судиското продолжение Кристијан Трапановски ги постави конечните 2:2.
 
Задоволен и од играта и од резултатот беше македонскиот селектор Јетон Несими.
 
- Се разбира дека секогаш има место за напредок, меѓутоа треба да имаме во предвид дека нашиот тим е составен од многу помлади играчи, за кои сметаме дека вреди да им се даде шанса. Пред нас е првата фаза на квалификации, во група сме со Полска, Словачка и Северна Ирска, и искрено сметам дека овие подготовки ќе ни укажат на она што треба да го подобриме пред квалификациските натпревари во Полска, изјави Несими.
 
Вториот меѓусебен меч двете репрезентации ќе го одиграат утре со почеток во 11 часот.