-->
-->
Фудбал или математика
-->
Вечерва во градот Клуж репрезентацијата на Романија ќе игра пријателски дуел со Шпанија.
Интересно е што романските репрезентативци на теренот ќе истрчаат со дресови на кои наместо традиционални броеви ќе има математички задачи.
Ваквиот потег доаѓа откако ЕУ објави дека децата во Романија се најлошо образовани во рамките на унијата. Задачите се објавени и на сајтот на федерацијата....
1. Богдан Станку и Флорин Андоне заедно дадоа 27 гола оваа сезона. Андоне има постигнато девет гола повеќе од Станку. Колку голови има Андоне, а колку Станку?
2. На последниот меч Кешеру, Рат и Торје истрчаа 49 километри. Торје истрча девет километри повеќе од Рат, а пет од Кешеру. Колку километри поединечно истрчаа тројцата фудбалери?
3. Романија во квалификацискиот циклус за СП оствари четири победи и две нерешени. Ако победа носи три поени, а нерешено еден, колку поени вкупно има освоено Романија?
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Маглата го отежнува сообраќајот
-

ЈО: Обвинение за сообраќајка со смртни последици во Марино
-

Синдикалната минимална кошница во декември 65 492 денари
-

Хуманитарна акција на Супер Кит Го и Вива Фреш Стор - донирани пакетчиња во Домот за деца „11 Октомври“
-

Во израелски напад врз училиште во Појасот Газа загинаа петмина Палестинци
-

Прилеп утре без струја од 6:30 до 11 часот поради замена на проводник на далновод
-

Дигитален асистент на веб-страната на Собранието за лица со попреченост
-

Во Берово - 5 степени, над 0 само во Охрид, Виница и Крушево
