ФТ: Иран наводно користел кинески сателит за надзор на американските воени бази

Иран за време на војната наводно користел кинески шпионски сателит за да ги следи американските воени бази на Блискиот Исток и да ги поддржи воените операции, покажа анализа на протечени документи и сателитски податоци, јави „Фајненшел тајмс“.
Според истрагата, системот, означен како „TEE-01B“, на крајот на 2024 година бил набавен од Воздухопловните сили на Корпусот на исламската револуционерна гарда (ИРГЦ), по неговото лансирање од Кина, и бил користен за собирање разузнавачки податоци за време на мартовските напади со дронови и ракети.
Според податоците од документите, сателитот снимал повеќе стратешки локации во регионот, вклучувајќи ги американските воени бази во Саудиска Арабија, Јордан, Ирак, Бахреин, Кувајт и Џибути, како и клучната инфраструктура во државите на Персискиот Залив.
Се наведува дека сликите биле снимени непосредно пред и по напади за кои се тврди дека ги извршиле ирански сили, што укажува дека сателитот бил користен за идентификација и проценка на целите.
Експертите цитирани во извештајот оценуваат дека сателитот претставува значителен технолошки напредок во однос на претходните ирански системи, со можност за снимање во висока резолуција погодна за идентификација на воени објекти и движења.
Компанијата која го произвела и лансирала сателитот, „Earth Eye Co“, наведува дека станува збор за комерцијален проект наменет за цивилна употреба, додека аналитичарите тврдат дека начинот на користење укажува на воена намена и управување од страна на ИРГЦ.
Кина и Иран не ги коментираа официјално наводите од истрагата.
МИА
Ново на Сител
-

Сиљановска Давкова: Приоритет за нас остануваат правата на Македонците во Бугарија
-

Сиљановска-Давкова: Безбедноста е на највисоко ниво, нема логичен основ за шпионажа
-

Во израелските напади во Либан за 2,5 месеци загинале 3.111 луѓе
-

Рубио изјави дека на сојузниците им треба „План Б“ доколку Иран ја држи затворена Ормуската Теснина
-

Јанез Јанша избран за премиер на Словенија
-

Путин: Русија ќе одговори на украинскиот напад врз интернатот во Старобелск
-

Муцунски до Петрова: Потребно е решение за билатералното прашање, македонскиот јазик, идентитет, култура и историја не можат да бидат предмет на разговори
-

Конференција: Жените и понатаму се одговорни за најголемиот дел од неплатените обврски за грижа, што го ограничува нивното учество на пазарот на труд
