Фронтекс ја чува целата граница на Црна Гора
Европската агенција за гранична и крајбрежна стража (Фронтекс) ќе ја штити целата црногорска граница, не само областите на заедничката граница со земјите од Европската унија (Хрватска и Италија), како што беше до сега случајот.
Ова е предвидено со Договорот меѓу ЕУ и Црна Гора за оперативните активности што Европската агенција за гранична и крајбрежна стража (Фронтекс) ќе ги спроведува во Црна Гора, а кој беше усвоен од Советот на ЕУ.
„Договорот меѓу Европската унија и Црна Гора за оперативните активности што ги спроведува Фронтекс во Црна Гора е одобрен во име на Унијата“, се наведува во документот до кој Побједа имала увид.
Договорот стапува во сила по објавувањето во Службениот весник на Европската Унија.
Во однос на претходниот договор со кој и беше дадена помош на Црна Гора во областа на управувањето со границите и можните кризни ситуации поврзани со зголемениот проток на мигранти од Блискиот Исток и конфликтните области само на заедничката граница со земјите од ЕУ, Советот на ЕУ предвидува пошироки надлежности на Фронтекс во новиот договор поточно на границите на Црна Гора со трети земји - Албанија, Косово, Србија, Босна и Херцеговина - од каде што се случува најголемиот прилив на мигранти и илегално преминување на државната граница.
Договорот предвидува заеднички оперативни активности на тимовите на Фронтекс со Граничната полиција на Црна Гора, пишува во договорот што го потпишаа Владата на Црна Гора и ЕУ.
Исто така, се наведува дека тимот на Фронтекс може да биде распореден на територијата на Црна Гора, вклучувајќи ги нејзините копнени, поморски и воздушни граници со други земји.
Ново на Сител
-

Нетанјаху: За непријателите на Израел нема имунитет
-

СВР Струмица со повеќе активности го одбележа 7 Мај – Денот на македонската полиција
-

Шеснаесет возачи возеле без дозвола, кај еден од возачите пронајдена марихуана, а возач од Тетово возел со 1,46 промили алкохол
-

Дваесетгодишна државјанка на Турција е пронајдена почината во стан, потврдија од СВР Штип
-

Андоновски: Дигитализацијата е алатка за поконкурентна економија
-

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители
-

Научник за само еден месец изел 720 јајца
-

Мицкоски: Наскоро ново проширување на лекови од позитивната листа
