Фрлени 45 тони сол на улиците во Општина Аеродром
Зимската служба на Општина Аеродром синоќа и во текот на ноќта интензивно го расчистуваше снегот од улиците и пешачките патеки што се под нејзина надлежност, при што беа фрлени околу 45 тони сол, информираат од општината.
Екипите го чистеа снегот од улиците и тротоарите во Горно и Долно Лисиче, во населбата Лисиче, кај поликлиниката „Јане Сандански“, околу трговскиот центар „Капитол“, „Три бисери“, „Скопјанка“, кај трговскиот центар „Бисер“, како и во населбите Мичурин и Острово.
Општината располага со две сопствени возила за зимско одржување на улиците, а дополнително за расчистување на тротоарите и автобуските постојки беа ангажирани и сезонски работници.
Зимската служба ќе ја следи состојбата и во текот на денот и ќе реагира согласно со условите на терен за да се обезбеди непречено движење на сите учесници во сообраќајот и поголема безбедност на граѓаните.
Истовремено, Општина Аеродром апелира до граѓаните да го расчистат снегот пред своите дворови и влезовите на станбените згради, што е нивна законска обврска, со што ќе се овозможи проодност и непречен пристап до објектите.
Ново на Сител
-
Коцевски: Издадена наредба за приведување на седум нови полициски службеници за пожарот во Кочани
-
Едно лице повредено во сообраќајка во Аеродром
-
Затворена шахтата кај ТЦ Скопјанка во Аеродром
-
ИСВ: Путин има ресурси да води војна уште 12 до 16 месеци
-
Посебен режим на сообраќај утре во Скопје
-
На БиХ поради Република Српска и се заканува финансиски крах
-
Кривична пријава за „непријавување кривично дело или сторител“
-
ДКСК утврди регулаторни ризици во Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер