Фрлен и несобран смет и кабаст отпад пред градинки и училишта во Тетово
Оставање на смет, па и остатоци од мебел и сличен покрупен отпад и шут е сликата која ја има насекаде, а не се изостабени и местата пред градинките и училиштата. Иако има и контејнери на фотографиите од пред објектот Стара градинка се забележуваат несовесните постапки на поеднци и оставените делови од кревети, друг вид мебел и смет.
-Како вака да ги воспитуваме децата кога гледаат насекаде фрлен смет, па и пред нивните градинки и училишта. Попусто што ние родителите и учителките ги учиме децата како правилно да постапуваат со сметот, кога пред самите училишта се гледаат огромни купишта смет, реагираат родителите.
Сметот што се фрла насекаде во Тетово веќе долго време „создава“ и така наречени црни точки-кај православните гробишта, околу стариот градски стадион, недоградената спортска сала кај спортскиот центар, кејот и коритото на реката Пена.
За кабаст и друг поголем отпад граѓаните од комуналното претријатие се упатуваат да го носат кај претоварната станица на патот од Тетово кон Фалише.
На неодамнешната јавна дебата за општинскиот буџет во 2020 на прашање на граѓаните колку има инспектори и колку се казнуваат несовесните постапки на луѓето со фрлање на отпад на несоодветени места, претставниците на општинскиот инспекторат посочија дека имаат напишано 16 казни во 2019 година.
-Имаме четворица инспектори за животна средина, но и други кои работат на терен. Од почетокот на минатиот месец започнавме со целодневни инспекции и со продолжени часови на работа. Инспекторите се на терен од 10 до 22 часот, истакна Гзим Ганиу, од општинскиот инспекторат.
На веб страницата на општината за „E-рапорт“ и телефонската линија 0800-55-043 за пријавување на еколошки проблеми чести се пријавите за примери со фотографии каде се забележува палење на отпад.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Тони Коњановски, градоначалник на Битола
-
Неолитски населби кај струмичко Костурино и дојранско Црничани
-
Протест против загадувањето на воздухот
-
СДСМ: Власта е виновна
-
Рамиз Мерко остана без пасош – Обвинителството покрена ново обвинение против него за ширење етничка омраза
-
Муртезани: Брисел има разбирање за нас, шансата ни е стабилна влада во Бугарија
-
Примарното здравство пред пензија – помалку од 1400 матични лекари во државата
-
Исходот од пукање петарди може да биде фатален