Балкан
29. March 2019 - 8:40

Фридом хаус: Владата на Србија да ја заштити слободата на медиумите

Американската невладина организација Фридом хаус се огласи по повод писмото што сопственикот на телевизијата Н1, Адриа њуз од Луксембург, што го упати на адреса на меѓународните и невладините организации, барајќи заштита за телевизијата Н1 и нејзините новинари од „кампањата што против нив ја водат високи државни и владини функционери во Србија“.

Директорката на Фридом хаус за Европа и Евроазија, Желике Чаки поради тоа ја обвини Владата на Србија дека „создава опасна атмосфера за новинарите“.

Таа за Гласпт на Америка изјави дека „должност на владата е да ја заштити слободата на медиумите, а не да предизвикува бес и омраза против новинарите кои ја работат  својата работа“.