Фридом Хаус: Назадување, корупција, хибриден режим
Македонија бележи назадување во владеењето на правото и борбата против корупцијата нотира најновиот извештајот на „Фридом Хаус“. Во него се наведува дека во државата владее долготрајна корупција кај високи функионери, политизирано судство и институции кои не им служат на граѓаните.
Со два поени помалку од лани, или 46 од вкупно 100, Македонија останува хибриден режим во друштво на уште 10 држави.
Една од авторите на најновиот извештај „Нации во транзит“ на „Фридом Хаус“, вели дека промената на Кривичниот закон драстично ја влошила борбата со корупцијата и ја покажала политизираноста на судовите.
„Тоа покажува колку е исполитизиран судскиот систем. Годинава имаше низа скандали во правосудниот систем, како со Државниот судски совет, а потоа и со неговиот шеф. Сето ова го отсликува неуспехот на судските и антикорупциските органи кои треба да им служат на граѓаните. Мислам дека во моментов во Северна Македонија кај македонските граѓани преовладува чувството дека овие институции не работат да му служат народот, туку на одррредени поединци“, изјави за Гласот на Америка, Александра Карпи.
Рангирањата се базирани на скала од еден до седум. Седмицата претставува највисок степен на демократски прогрес. Кај Македонија, демократијата назадувала. Оценката се намалила од 3,86 на 3,79.
Рејтингот за корупција се намалил од 3,25 на 3,00 поради голем број наводи за корупција против високи функционери, како и поради измените во Кривичниот законик со кои се намалија казните за корупција и доведоа до отпуштање на случаи против поранешни и сегашни владини функционери.
Во Северна Македонија има најголем пад на регионот после Србија. Во извештајот „Државите во транзиција“, во кој се вклучени 29 земји, се наведува дека регионот на Западен Балкан е одговорен за многу загрижувачки настани и дека регионалната безбедност е изговор за многу политички лидери да ги поткопаат демократските институции и да ги занемарат демократските норми.
-
Габриела Лескова
Сите содржини од овој новинар