Македонија
29. February 2024 - 16:33

„Фридом Хаус“: Македонија е делумно слободна држава

Делумно слободна држава е Македонија согласно извештајот на невладината „Фридом Хаус“ (анг. Freedom House), во кој мапира податоци од вкупно 210 земји во светот.  Годинава сме бодирани со еден поен помалку од лани. Ниско сме рангирани и според политичките права, а и граѓанските слободи.

МАКЕДОНИЈА

ВКУПНО ПОЕНИ:

ПОЕНИ ОД ПОЛИТИЧКИ ПРАВА:

ПОЕНИ ОД ГРАЃАНСКИ СЛОБОДИ:

67/100

28/40

39/60

 

Друштвo ни прават земјите од Западен Балкан, Индија, Пакистан, Украина и Перу. Експертката на „Фридом Хаус“ од Вашингтон, во интерју за српската редакција на „Гласот на Амерка“ прокоментира дека изминатата година во државата била бурна, а граѓаните се гневни. Според неа, многу луѓе чекаат да има значајна политичка промена во владата, што ќе овозможи посилна демократија.

Универзитетските професори главната причина оти Македонија е делумно слободна земја,  ја гледаат во повеќето протести кои новинарите ги организираа.

Хрватите, Романците, Бугарите и Грците се во зелената зона од мапата на годинешниот извештај. Овие народи целосно ги уживаат политичките права и граѓанските слободи.

ДРЖАВА

ПОЕНИ

ХРВАТСКА

83

РОМАНИЈА

83

БУГАРИЈА

78

ГРЦИЈА

85

 

 

 

 

 

 

 

 

Токму во еден предизборен период во каков што се наоѓаме, комуниколозите препорачуваат политичките субјекти наместо многу зборување и обвинување, повеќе да ги следат европските трендови во легислативите, со што практично ќе имаме и повисок ранг на извештајот. 

Според извештајот Србија бележи најголем пад од ранг листата во последните 10 години, а слободите се влошиле и во Босна и Херцеговина.

ДРЖАВА

ПОЕНИ

МАКЕДОНИЈА

67

АЛБАНИЈА

68

ЦРНА ГОРА

69

КОСОВО

60

СРБИЈА

57